Search

Пожари беснеат во кочанско, струшко и кумановско

Во кочанското село Пресека, на местото викано „Горница“ завчера избувнал пожар, при што била зафатена површина од околу 50 хектари борова и дабова шума со ниско стеблеста вегетација.

Екипи на Територијалната противпожарна единица-Кочани, вработени во Шумско стопанство и шумска полиција Кочани, преземаат мерки за гасење на пожарот.

Вчера бил пријавен шумски пожар над село Октиси, во делот помеѓу с.Октиси и место викано .„Беличка река“, во струшко, при што на непристапен терен горела букова шума.

За пожарот бил известен Центарот за управување со кризи и Територијалната противпожарна единица-Струга и се преземаат мерки за гасење.

Вчера бил регистриран шумски пожар над кумановското село Липково, при што била зафатена површина од околу 1500 метри квадратни дабова шума.

За настанот биле известени Територијалната противпожарна единица-Куманово и Центарот за управувње со кризи и се преземаат мерки за гасење на пожарот.

Синоќа пак избил пожар кај место викано „Јаворица“, атар на село Давидово, во кој горела нискостеблеста шума.

Пожарот бил локализиран од екипа на Територијална противпожарна единица Неготино.

Треба да знаете
Последни објави