Search

Објавен преводот на новата книга на Господинов „Сите наши тела“

Збирката раскази „Сите наши тела“ од Георги Господинов  е објавена на македонски јазик во издание на „Или-или“. Преведувачот од бугарски на македонски Душко Крстевски наведува дека расказите може да се наречат микрораскази – кратки и секавични, по примерот на едноминутните новели на Иштван Еркењ и приказните на Хармс.

Книгите на Господинов се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени: „Природен роман“, „И други приказни“ и збирката песни „Балади и распади, сите во превод на Никола Маџиров. Неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“, и збирката раскази „И сè стана месечина“ се во превод на Душко Крстевски.

Треба да знаете
Последни објави