Search

Во Нигерија при вооружен напад загинаа десет луѓе

Најмалку десет лица загинаа во вооружен напад во покраината Замфара, северна Нигерија.

Портпаролот на полицијата во Замфара, Мохамед Шех изјави дека вооружениот напад го извршиле непознати лица кои на мопед пристигнале во селото Кваре.

– Во нападот убиени се најмалку 10 луѓе, а повредени се повеќе лица, посочи Шех.

По нападот во селото Кваре распоредени се припадници на нигериските безбедносни сили.

Во неколку нигериски региони чести се судирите помеѓу племињата за контрола на земјиштето. Голем број жители од околните села поради судирите беа принудени да ги напуштат своите домови.

Треба да знаете
Последни објави