Search

(Видео) Шибицари од Македонија го тепале потсекретарот на италијанската полиција и неговата мајка

Тројца „шибицари“ од Македонија го нападнале државниот потсекретар на италијанската полиција, Стефано Кандиани и неговата мајка пред две недели во Болоња, откако десната рака на министерот Матео Салвини ги снимил со мобилниот телефон како ја изведуваат позната измама со кутии кибрит, дознава 24 Инфо. Класичната измама, која во Италија е позната како „Три ѕвона“ бидејќи наместо три кутивчиња се користат ѕвончиња под кои се крие топче, редовно наоѓа нови жртви независно од која и да е варијант на измамата. Во овој случај шибицарите од Македонија користеле кибритчиња и добро им одело додека не дошол Кандиани.

Инцидентот се случил за време на одржување на традиционалниот козметички саем  Cosmoprof Worldwide, кој секоја година се одржува на Саемот во Болоња. Cтанува збор за саем за индустријата за убавина, наменет за козметичари, фризери, сопственици на салони за нокти, салони за убавина, продавници за природни производи и парфеми. Во такво окружување македонските шибицари нашле идеални услови да извлечат пари од наивните посетители на саемот.

Секретарот , кој е и дел од раководството на владеачката партија „Лега“, со својата мајка (74) биле во посета на штандовите на нивната семејна фирма за козметика. Во еден момент Кандиани ги забележал измамниците кои ја извувале измамата, па почнал да ги снима со мобилниот телефон. Петмината шибицари, меѓу кои еден Романец и Хрват го забележале Кандиани, при што најдебелиот крај го извлекла неговата мајка. Таа почнала да вика па добила тупаница во главата, по што завршила во болница. И Кандиани добил неколку удари, но почнал да ги брка измамниците, а набргу дошла полицијата која успеала да ги уапси шибицарите.

Двајца македонските државјани, едниот на возраст од 56 години и со криминално досие за кражби, како и негов 40 годишен сонародник, исто така пријавуван за кражби добија тужби од Кандиани за насилство и нанесување повреди, додека останатите тројца измамници поминале без пријави, но сите петмина, според новиот закон за мигранти донесен во октомври лани и познат како Декрет на Салвини, ќе бидат протерани од Италија.

Поради инцидентот, пак, настрадаа и менаџерите на саемот, како и градоначалникот на Болоња, кои биле повикани на разговор поради безбедносните пропусти за време на манифестацијата.

Видеото од инцидентот можеда го видите на следниов линк video.corriere.it

 

Треба да знаете
Последни објави