Search

(Видео) Здравковски: Бојкотот на изборите е погрешен избор

Денес и официјално започнува кампањата за избор на нов претседател. После два поминати мандати на Ѓорге Иванов како најуспешен претседател на Републиката, влегуваме во трка за негов наследник.Од едната страна имаме кандидат кој во Велес на претседателските избори 2014 година го доживеа најтешкиот пораз од сите општини, човек кој граѓаните ги споредуваше со стока и овци, a од другата страна имаме кандидат кој секогаш стоел позади националните интереси цврсто бранејќи ги и борејќи се за истите, изјави Игор Здравковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

,,Од една страна имаме човек кој ветуваше дека никогаш нема да прифати промена на уставно име, а за волја на вистината го направи со две раце и не убедува дека сите треба да го прифатиме истото. Имаме човек кој го прифаќа обезличувањето на народот, човек кој својот работен век го помина вклучен во сите погубни процеси за републиката, а спроти него имаме кандидат кој секогаш истакнува дека цврсто ќе се бори за нашето достоинство, ќе се бори за право и правда, кандидат кој не го прифаќа наметнатото име од соседите, променетиот идентитет, променетата историја и променетата култура.

Позади првиот стои СДСМ, партија која насилно и со пораз дојде на власт, партија која не знае ништо освен за закани, насилства, партија која го направи Велес град на духови со криминална транзиција и приватизација и оставање на 15.000 невработени на улица. Тоа е партијата која во последните две години успеа да отвори само една сендвичара во Скопје, тоа е партијата која не почитува ниту една одлука на граѓаните во последните две години.
Позади вториот кандидат стои партијата ВМРО-ДПМНЕ. Партијата која повторно го крена народот, партијата која овозможи вработувања, инвестиции, која ја намали невработеноста, партијата која работеше за интересите на сите граѓани без разлика од која етничка заедница припаѓаат. Позади Силјановска Давкова стои партијата која отсекогаш се борела, се бори и ќе се бори за националните интереси”, додаде тој.

Според здравковски, овој период од 20 дена кој ни претстои ќе бидете притискани, уценувани, омаловажувани, заплашувани како институционално, така и вонинституционално.

,,Ние веруваме дека Вие, граѓаните, самите знаете што е подобро за Вас. Доколку се чувствувате како Македонци – а не како Северни, доколку се чувствувате како граѓани на Република Македонија – а не на Северна, тогаш изборот е јасен. Некои ќе повикуваат на бојкот, бојкотот е погрешен избор. Со бојкотот само ќе го устоличиме Талат Џафери да биде претседател на Република Македонија. Ние истовремено цврсто сакаме да веруваме дека и нашите политички опоненти конечно ќе научат што е тоа демократија, и конечно ќе победи волјата на народот. Сосема за крај, верувајте, сонувајте и борете се за една достоинствена Република Македонија, за држава во која ќе растат нашите деца, држава со која ќе се гордееме. Од сите нас зависи во каква држава ќе живееме.Вистинскиот избор е давањето на поддршка на Гордана Силјановска Давкова. Бидејќи тоа е поддршка на правото, поддршка правдата, тоа е глас за Македонија”, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави