Search

Тотенхем со автогол го врати Ливерпул на лидерската позиција

Во дербито на „Енфилд“ Ливерпул го победи Тотенхем со 2:1 и повторно се врати на првата позиција на табелата по 32 одиграни кола. Во неизвесен натпрпевар победникот беше решеп во финишто со автогол на гостите, кои беа подобри во вториот дел и поблиску до победата.

Ливерпул беше подобар во првио дел, а поведе со голот на Фирмино со глава во 16.минута, но тоа беше се од домаќините. Тотенхем почна да ја презема иницијативата уште при кон крајот на првото полувреме, а со такво темпо продолѓи и во продолжението.

Изедначувањето дојде во 70. преку Лукас, откако Салах во еден од претходните напади беше себичен во контранападот и не го проигра Мане. По примениот гол домаѓините нападнаа, но тоа траеше десетина минути. Во 85 минута Тотенхем можеше да го реши мечот, но Сисоко исто така беше себичен во контранападот во кој со соигачот Сон беа „два на еден“ но наместо да подаде, тој непрецизно шутираше. Казната стигна во 90 минута кога Робертсон уште еднаш испрати опасен центаршут, Салах од левата страна шутираше со глава, Љорис одбрани а одбиената топка со незграпна реакција Алдервејрелд ја втурна во сопствената мрежа.

Ова беше четвртиот последователен пораз на Тотенхем, што не им се случило од декември 2008 година, а имаат само еден бод од пет натпревари. Од друга страна, Ливерпул под водство на Јурген Клоп стаса до 11 меч во серија во кој не е поразен.

Не бев среќен поради примениот гол, но мислев дека ни е потребно многу малку. Во првото полувреме бевме фантастични, креиравме шанси, постигнавме и гол. Во второто изгледавме лошо. Кажав дека постојат 500 начини за да победите на фудбалски натпревар, денеска беше грдо, но на кого му е гајле?“, заклучи тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Табела: Ливерпул 79 бода (32 натпревари), Манчестер сити 77 (31), Тотенхем 61 (31), Манчестер јунајтед 61 (31), Арсенал 60 (30), Челзи 60 (31),…

Треба да знаете
Последни објави