НБА постави рекорд по реализирани тројки

Во НБА лигата е поставен нов рекорд, откако во актуелната сезона се реализирани вкупно 25 808 прецизни удари од зоната за три поени.

Тројките во НБА се зголемиле за осум проценти во споредба со претходната кампања. Вкупниот број обиди на кошаркарите да реализираат од дистанца во сезоната 2018-2019 е 72.354.

Рекордот занајмногу реализирани тројки во една сезона се подобрува седма година по ред.

Првата сезона со повеќе од 15.000 релзиизрани удари од зоната од три поени е 2009/2010 година. Лимитот од вкупно 20.000 реализирани тројки беше надминат пред три сезони.

Треба да знаете
Последни објави