Приведени петмина мигранти кај Никуштак

Петмина мигранти се откриени кај селото Никуштак. Полицијата информира дека вчера
околу 9 часот, од страна на инспектори од Регионалниот центар за гранични работи Север била пресретната група од пет мигранти од Авганистан, кои се движеле од село Арачиново кон село Никуштак, општина Липково.

Во 9.30 часот мигрантите биле предадени во Транзитниот центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави