Search

Сити го победи Фулам и се искачи на лидерското место во Премиер лигата

 Манчестер сити го победи Фулам со 2:0 попладнево на „Кревен Котиџ” во Лондон во првиот дуел од 32.коло на Премиер лигата и повторно се искачи на првото место на табелата.

До трите бода „граѓаните” дојдоа со головите на Бернардо Силва и Серхио Агуеро, двата во првото полувреме.

Двојките за другите денешни средби се:
Брајтон – Саутемптон
Барнли – Вулвс
Кристал палас – Хадерсфилд
Лестер – Борнмут
Манчестер јунајтед – Вотфорд
Вест Хем – Евертон.

Табела: Манчестер сити 77 бода (31 натпревар), Ливерпул 76 (31), Тотенхем 61 (30), Арсенал 60 (30), Манчестер јунајтед 58 (30), Челзи 57 (30),

Треба да знаете
Последни објави