Search

Одложен почетокот на турнејата на „Ролинг стоунс” поради здравствената состојба на Џегер

Рок групата „Ролинг стоунс” (The Rolling Stones) го одлага почетокот на најновата турнеја, бидејќи Мик Џегер мора да добие медицински третман.

Групата денеска објави дека лекарите му забраниле на Џегер „во овој момент да оди на турнеја”.

Но, не се наведуваат повеќе детали за здравствената состојба на Џегер.

Се очекува „Ролинг стоунс” турнејата „Но филтер” (No Filter) да ја почне на 20 април во Мајами.

Треба да знаете
Последни објави