Search

Гундоган ги прекина преговорите за нов договор

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Илкај Гундоган, ги прекинал преговорите за нов договор со клубот.

Според информациите на „Гол”, 28-годишниот Германец е загрижен дека нема да игра редовно следната сезона и тоа го натерало да ја преиспита идејата за обврзување долгорочно со „граѓаните”.

Актуелниот договор на Гундоган е до 2020 година. Токму поради тоа од Сити сакаат да го продолжат што е можно поскоро.

Сепак, засега тоа нема како да се случи, бидејќи Гундоган сака внимателно да размисли за својата иднина.

Така, во оваа фаза, преговорите меѓу двете страни се „замрзнати”.

Треба да знаете
Последни објави