Search

Виена станува ново седиште за Светската банка и ММФ

Австрија, која веќе е седиште на бројни меѓународни организации, успеа да се избори за проширување на меѓународното присуство.

Според виенскиот дневен весник Пресе, договорено е Светската банка двојно го зголеми своето присуство во Виена, како и дека за неколку месеци Меѓународниот монетарен фонф (ММФ) ќе отвори својата канцеларија.

Австриското Министерство за финансии неодамна изнајми нови катови во кулата Галакси, во која веќе е сместена Светската банка. СБ и ММФ од јуни ќе заземат осум ката во зградата.

Светската банка во Виена Ќе има околу 250 службеници. Вообичаено е земјата-домаќин да обезбеди простор и да плаќа кирија, додека останатите трошоци ги преземаат организациите кои во таа земја ќе отворат претставништва.

Треба да знаете
Последни објави