Search

ФОТО 55-годишна баба го роди сопственото внуче, да и поради дете на ќерката која нема матка

Имено, Трејси на 15-годишна возраст дознала дека е родена без матка, но нејзините јајници фукционирале нормално. Па, со помош на инвитро, оплодена јајце клетка од Трејси била имплантирана во Ема.

За да може да има здрава бременост, Ема дури и ослабела 38 килограми и примала хормонска терапија. Убавата вест е што сè поминало во најдобар ред и Ема родила девојче со царски рез.

„Отсекогаш знаев дека сакам да бидам мајка, дури и кога имав 15 години. Секој момент кој ни го кршеше срцето вредеше само за да го имаме нашето чедо во рацете. Многу ѝ сум благодарна на мајка ми за прекрасниот подарок кој ни го даде“ – изјавила Трејси.

Трејси и ЕмаТрејси и Ема

За раѓањето бебе во шестата деценија од животот Ема вели: „И покрај мојата возраст, не бев загрижена да родам дете. Фокусирана бев само на тоа да направам специјално нешто за ќерка ми. Трејси е моето бебе и сè направив за таа да стане мајка.“

Трејси и Ема

Треба да знаете
Последни објави