Search

Франција отфрла трговски разговори со земја која излегува од Париската спогодба

Висок француски претставник изјави денеска дека Франција нема да потпишува договори со земја што не ја почитува Париската спогодба, пренесува „Спутник“.

„Нема да потпишеме договор со земја која излезе од Париската спогодба”, изјави Натали Лоисо, која неделава даде оставка од функцијата министер за европски прашања за да се кандидира за Европскиот парламен.

Вашингтон го објави своето повлекување од Париската спогодба за ублажување на климатските промени од 2015 година уште во 2017 година, бидејќи претседателот Доналд Трамп тврди дека може да ѝ наштети на американската економија, а неправедно им оди во корист на другите земји.

Во соопштението на Лоисо се споменуваат забелешки од францускиот претседател Емануел Макрон, кој претходно истакна дека Франција нема да ги поддржи сеопфатните трговски договори кои би можеле негативно да влијаат на климатските прашања.

И во двата случаи француските политичари одбија директно да ги именуваат САД иако тие се единствената нација која го објави своето повлекување од спогодбата.

Треба да знаете
Последни објави