Search

СДСМ: Германските инвеститори кои работат тука, се подготвени повторно да инвестираат

Вратена е довербата во економијата, 78 отсто од германските инвеститори се подговени повторно да инвестираат, реформите даваат реални резултати, наведе СДСМ во реакцијата по прес-конференцијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде што истакнаа дека германските стопанственивци ја оцениле со нула работата на Владата.

„По 11 години изолација и уназадување на државата и целосно уништување на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, економијата конечно е стабилизирана и се движи во добар правец. Вратена е довербата во економијата, доказ за тоа е рекордниот број странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година, како и растот на бруто-домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал. Отворени се 26 илјади нови работни места за само една година, а невработеноста опаѓа на историско најниско ниво, под 20 отсто. Тоа е препознаено и од странските инвеститори. Дури 78 проценти од германските инвеститори кои работат во земјата покажуваат подготвеност повторно да инвестираат“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите додаваат дека Владата продолжува со спроведување на економските мерки што овозможуваат економски раст, повисоки палти и обезбедуваат поволна клима за нови странски инвестиции и задржување на постојните.

Треба да знаете
Последни објави