Search

Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ искажа очекувања во јуни да бидат отворени пристапни преговори

Независната пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, денеска оствари едночасовна средба со работната група на Советот на Европската Унија за Западен Балкан/ Проширување – КОВЕБ/КОЕЛА.

На средбата, како што наведуваат во соопштение, ги искажавме нашите силни очекувања во јуни да бидат отворени пристапните преговори кон ЕУ.

-Нашата заложба и посветеност кон реформските процеси останува приоритет и цел за понатаму. Добивме признание за нашата досегашна работа и охрабрување да продолжиме во тој правец, стои во соопштението.

Во него додаваат дека низ интерактивна дебата отворивме низа важни прашања за актуелната политичка ситуација и идните предизвици за македонското интегрирање во европското семејство, кадешто е нашето место.

Треба да знаете
Последни објави