Search

Малолетни мигранти во Шведска користени како секс играчки во замена за храна и престој

Неколку шведски организации алармираа дека малолетни мигранти, наводно, се злоупотребувани како секс-играчки од своите згрижувачи во замена за храна и место за престој, пренесува „Спутник“.

Волонтерската организација „Агапе“ од Гетеборг идентификуваше најмалку 20 случаи во кои  грижата за непридружувани малолетни мигранти се претворила во сексуална врска во која младите биле користени за сексуални услуги.

Матилда Бринк-Ларсен од „Агапе“ објасни за „Гетеборг-постен“ дека новодојденците добиваат храна и засолниште во замена за своите сексуални услуги. Други мораа да вршат неплатена работа. Бројот на непријавени случаи е многу поголем, нагласува таа , бидејќи  на младите им е тешко да го обелоденат она низ кое минуваат.

Сара Едвардсон Ехерборг од активистичката мрежа Vi står inte ut („Не можеме да го поднесеме тоа”) потврди голем број случаи во кои од мигрантите се бараат сексуални услуги во замена за помош.

Марина Јохансон, член на Комитетот за општествени ресурси во Гетеборг, во голема мера се согласува со сликата претставена од волонтерските организации.

„Прво и најважно, страшно е што луѓето ги злоупотребуваат оние кои се во тешка и ранлива позиција. И претходно сум слушнала дека мигрантите без придружба плаќаат со своите тела за да имаат некаде да живеат”, изјави Јохансон.

Писателката, колумнист и доктор по етика, Ен Хеберлејн, вели дека не е изненадена.

„Навистина не е изненадувачки. Момчињата и мажите кои биле експлоатирани се најтешко погодени”, изјави таа за в„Нихетер Идаг“.

Таа се обиде да го сврти вниманието кон овој проблем во 2017 година, но беше обвинета за кревање лажен аларм, расизам и за „валакање“ на посветените жени.

Минатата година, алармот го вклучија неколку случаи во кои вработени во засолништата и членови на организации за доброволна поддршка, наводно, имале сексуални врски со непридружувани мигранти во различни места низ цела Шведска.

По екот на мигрантската криза во 2015 година, Шведска прими десетици илјади деца без придружба.

Треба да знаете
Последни објави