Search

(Видео)„Охрид СОС“: Калишта и вечерва гори

Калишта повторно гори. Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на социјалните мрежи вечерва сподели ново видео на кое се гледаат опожарени делови од струшкото крајбрежје. Од Граѓанската иницијатива палењето на трските покрај езерото го опишуваат како еко-тероризам и ги обвинуваат институциите дека не преземаат ништо за да се спречи уништувањето на брегот на Охридското Езеро.

„Инертноста на институциите, несносувањето санкции и оставки на надлежните заради овој би се дрзнале да го наречеме еко-тероризам што нѐ сподесува, и дрското своеволие и очигледната корумпираност на тамошниот градски татко кој наоѓаме за сходно да го цитираме ‘станува збор за приватни имоти и тврдам дека сѐ е согласно законите’, а кој дури се најде крајно навреден од нашите реакции, си го прават своето. Ситуацијата е алармантна и за охридското подрачје. Дали можеби е редно време за инакви мерки (штом сите други ги исцрпивме) во вид на радикализација на чекорите од граѓаните кои повеќе ова дивеење и пустошење не може да го сведочат и се загрижени за она што ќе им го остават на идните генерации?“, велат од „Охрид СОС“.

Треба да знаете
Последни објави