Search

Автомобил-бомба уби 11 лица во Могадишу

Најмалку 11 лица загинаа во главниот град на Сомалија, Могадишу, откако автомобил-бомба експлодира во четвртокот, соопшти полицијата.

Експлозијата на една прометна улица уништи два ресторани и неколку автомобили паркирани во близина.

„Експлозијата уништи ресторан и уби многумина кои беа внатре и надвор од ресторанот“, рече полицискиот мајор Мохамед Хусеин. „Бројот на жртвите може да се зголеми“.

Никој досега не ја презеде одговорноста за нападот, но милитантите поврзани на Ал Шабаб кои се поврзани со Ал Каеда, претходно ја напаѓале оваа област во минатото, објави „Ројтерс“.

Во саботата, 15 лица загинаа во две експлозии и престрелка меѓу милитантите на Ал Шабааб и безбедносните сили во центарот на Могадишу.

Треба да знаете
Последни објави