Зидан доби интересен совет од Англија: Откажи се од Азар и купи го Стерлинг

Еден Азар веќе неколку години се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а овие шпекулации сега повторно на големо се активираа откако во шпанската престолнина се врати неговиот фудбалски идол, Зинедин Зидан.

Според добар дел од угледните медиуми во Англија и Шпанија, белгиската суперѕвезда ќе биде мета број еден на „кралскиот клуб“ ова лето, но во ситуација кога најголем дел од експертите сметаат дека Азар одлично би се вклопил и би можел да го води новиот проект на Реал, од Англија пристигна еден интересен предлог за Зидан.

Поранешниот англиски фудбалер Крис Сатон е редовен гостин во студијата како стручен аналитичар, па сега одлучи да му предложи на Зидан дека подбар избор од Азар може да биде разиграниот Рахим Стерлинг.

– Мора сите да кажеме дека Рахим Стерлиг се претвори во играч од светска класа. Ако јас бев на местото на Зинедин Зидан, сигурно ќе сакав да го купам него пред Еден Азар. Во овој момент, едноставно не постои нешто што Стерлинг не може да го направи. Неговите пасови се фантастични, движењето без топка е убиствено, а исто така се претвори и во страшен голгетер пред голот. Не знам кој дефанзивец би сакал да се соочи сега со него, – порачува Сатон.

Треба да знаете
Последни објави