Search

СДСМ: Расте паниката во белиот дворец

Сè поочигледна е нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ од тоа што секојдневно им се разоткриваат измислиците и лажните вести.Денешниот обид, да се попречи прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, е доказ дека кулминира нервозата во белиот дворец, соопшти СДСМ.

Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не научија дека ништо не може да ја попречи вистината да излезе на виделина.

„СДСМ ги разбира нервозните реакции по дебаклот на ТВ дуелот и паниката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од извесниот изборен пораз. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, симболите на лажни вести остануваат закотвени во матрицата на Никола Груевски и затоа граѓаните ќе ги казнат за нивното деструктивно и антинародно однесување”, се додава во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави