Search

Нова кривична за поранешниот градоначалник на Ново Село, Блаже Велков

Поранешниот градоначалник на Општина Ново Село, Блажо Велков (54) е осомничен дека легализирал дивоградба во село Колешино, информираше МВР.

СВР Струмица против Велков, како и против П.Д.(67) од Струмица, В.Ш.(53) од село Ново Село, Р.Р.(46) од село Зубово поднесе кривични пријави за несовесно работење во службата, а Т.Г.(70) од Колешино се сомничи за сторено кривично дело узурпација на недвижности.

-На 23.11.2015 првопријавениот, како градоначалник на општина Ново Село, спротивно на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, издал решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект во село Колешино, сопственост на петтопријавениот, кој заземал дел од парцела сопственост на Т.Д., без негова согласност. Исто така, првопријавениот, ваквото решение за наведениот објект, го издал и покрај тоа што, за него не било поднесено барање за легализација од страна на петтопријавениот. На 10.11.2015 второ, трето и четвротопријавениот, како членови на  комисија за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти во општина Ново Село, изготвиле записник за наведениот објект, во кој не навеле дека со дел од површина навлегувал во парцела сопственост на Т.Д., велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави