Search

Курц ја потврди врската меѓу напаѓачот од Крајстчерч и австриското десничарско движење „Идентитарист“

Австрискиот канцелар Себастијан Курц потврди дека човекот кој уби 50 лица во масовното пукање во две џамии во Крајтчерч, Нов Зеланд, имал финансиски врска со десничарското движење „Идентитарист“  во Австрија, пренесува „Спутник“.

„Можеме да потврдиме дека „Идентитарист“  во Австрија обезбедиле финансиска поддршка и одржувале контакт со новозеландскиот криминалец”, изјави Курц.

Австриската канцеларија за заштита на уставот и борба против тероризмот (БВТ) го претресе станот на Мартин Селнер, лидерот на „Идентитарист“ , под сомневање за поврезаност со Брентон Тарант.

„Виена размислува за забрана на „Идентитарист“, кое тврди дека сака да го зачува идентитетот на Европа,“ рече Курц.

Изјавата доаѓа по пријавената истрага спроведена од страна на властите. Причината за претресот беше минатогодишната донација за Селнер, која изнесувала 1.500 евра . Името на донаторот, кое наводно одговарало на името на осомничениот стрелец во Нов Зеланд, го привлече вниманието на австриските власти, кои го испитувале Селнер за финансиски криминал.

Треба да знаете
Последни објави