Search

(Видео) Нападнат автомобилот на самопрогласениот претседател на Венецуела

Лидерот на венецуелската опозиција и самопрогласен претседател на Венецуела, Хуан Гуаидо, бил нападнат од група луѓе во својот автомобил, пренесува „Спутник“.

Гуаидо претходно истиот ден ги повика граѓаните да вршат максимален притисок врз властите на Венецуела и да ја принудат владата да поднесе оставка.

Снимките, објавени од VPI TV, го покажуваат автомобилот на Гуаидо запрен на семафори кога одеднаш еден човек го клоца автомобилот, а потоа се обидува да отвори една од вратите на возилото.

По нападот на човекот во автомобилот, група минувачи почнуваат да фрлаат нешто врз автомобилот што се повлекува. Пред видеото нагло да прекине, може да се види и голем облак од чад.

Треба да знаете
Последни објави