Управата на Реал донесе одлука: Бејл може да си оди

Како што пренесува шпански  медиум од управата на Реал Мадрид донеле одлука да го продадат Герет Бејл по крајот на оваа сезона.

Наводно претседателот на клубот, Флорентино Перез кој го доведе Бејл од Тотенхем во 2013-та година, има намера да го продаде Велшанецот и со заработените пари од трансферот да вложи во трансфери.

Иако медиумот  тврди дека одлуката на управата на Реал Мадрид е веќе донесена, агентот на Бејл, Џонатан Барнет се уште не е известен за одлуката, но тоа ќе биде завршено во следните неколку дена.

Досега Бејл најчесто беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, се споменуваше и Баерн Минхен, но и неговиот поранешен клуб Тотенхем, па ќе биде интересно да се види каде крилниот напаѓач на Реал Мадрид ќе се пресели идното лето.

Треба да знаете
Последни објави