Search

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ започна кампања за регрутирање и упис на нови студенти

Сити Колеџ, Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд ги започна уписите на нови студенти за академската 2019 – 2020 година. Кампањата за регрутирање студенти се одвива преку понуда на квалитетни и иновативни додипломски,  постдипломски и извршни MBA студиски програми.

Академските програми за додипломски студии се понудени во четири различни оддели – Бизнис, администрација и економија, Компјутерски науки, Англиски студии и лингвистика, како и во одделот за Психологија. Постдипломските студии нудат широк спектар студии од различни области меѓу кои Клиничка невопсихологија, Когнитивна невропсихологија, Меѓународен менаџмент и лидерство во здравство, Напредно инженерство на софтвер за веб и мобилни апликации, Менаџмент на хотели и туризам, Маркетинг, Адвертајзинг и односи со јавност кои се само дел од студиските програми што се дадени во академската понуда.

Покрај богатото студиско портфолио на Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ, со завршување на студиите се добива диплома од еден од 100те најдобри универзитети глобално и призната во 196 држави, односно во целиот свет. Студирањето се одвива во вистински меѓународна академска средина, со студенти и професори од над 20 различни националности. Глобалната репутација е изградена врз одличното и квалитетно образование базирано на истражувачка и практична работа.

Од професорскиот кадар, дел од Универзитетот Шефилд се дури 6 добитници на Нобелова награда, а дипломците и студентите од овој универзитет се на позиции со голема одговорност и влијание во целиот свет, давајќи значаен придонес во општеството. Со групи не поголеми од 35 студенти, на идните професионалци им се нуди одлична академска поддршка, а од огромната функционална мрежа на дипломци во земјата и пошироко во регионот, студентите имаат секогаш достапна поддршка.

Универзитетот Шефилд е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети од целиот свет, (22ро место во Европа, 75то во светот – според QS ранг листата за 2019). Има шест академски факултети, пет во Велика Британија и Меѓународниот факултет Сити Колеџ, во Солун, Грција. Сити Колеџ речиси три децении ги реализира програмите на Универзитетот Шефилд во Грција и на други локации низ регионот на Југоисточна Европа и Кавказ, давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат и да се стекнат со дипломи од врвен британски универзитет.

За повеќе информации, заинтересираните кандидат може да се обратат до следниот линк.

Треба да знаете
Последни објави