Папата ја прифати оставката на кардиналот кој прикривал сексуални злоупотреби на деца

Папата Франциск ја прифати оставката на кардиналот и чилеански надбискуп, Рикард Езати, највисоко рангиран католички службеник во Чиле, поради вмешаност во скандалот со сексуални злоупотрби во таа земја, објави Ројтерс.

Во изјава која ја објави Ватикан денеска, стои дека до именувањето на заменикот на Езати, надбискупските работи ќе ги води бискупот Аос Брако од градот Чопиапо.

77-годишниот Езати е обвинет за прикривање на повеќе случаи на сексуални злоупотреби меѓу кои и оној на Оскар Муноз од надбискупијата во Сантијаго, кој е обвинет за силување на најмалку пет деца.

Езати за време на испитувањето од државното обвинителство одбил да одговара на прашања

Треба да знаете
Последни објави