Search

Јункер: Брегзит мора да се случи пред изборите за ЕП

Велика Британија би требало да ја напушти Европската Унија до почетокот на изборите за Европскиот парламент на 23 мај, оцени претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Британската премиера, Тереза Меј, со писмо од ЕУ побара поместување на рокот за брегзит од 29 март на 30 јуни.

Според неименуван висок извор од ЕК, Јункер во телефонски разговор ѝ рекол на Меј дека „брегзит мора да биде завршен пред 23 мај“.

Сите 27 членки на Унијата денеска на самит во Брисел ќе одлучуваат за продолжување на рокот за брегзит.

Треба да знаете
Последни објави