Search

Милион Британци сакаат земјата да остане во ЕУ

Онлајн петицијата во која од британската влада се бара да се откаже брегзитот и земјата да остане дел од Европската Унија, собра повеќе од еден милион потписи, осум дена пред предвидениот почеток на брегзит.

Петицијата се наоѓа на сајтот на британскиот парламент, а денеска поради преоптовареност, влезот на сајтот беше отежнат.

„На сајтот се појавија технички проблеми поради преоптовареност на системот“, изјави неименуван функционер од претставничкиот дом на британскиот парламент.

Според неговите зборови, денеска биле регистрирани до 2.000 потписи на секоја минута.

Петицијата го надмина прагот од 100.000 потписи неопходни за покренување на расправа во парламентот.

Текстот го потпишаа и актерот Хју Грант и пејачката Ени Ленокс.

Треба да знаете
Последни објави