Search

Маскиран демонстрант со моторна пила влегол во зградата на РТС

На социјалните мрежи се појави снимка од човек кој влегол во зградата на РТС со фантомка на глава и со моторна пила. Кадрите биле забележани кога лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ со група демонстранти упадна во зградата на јавниот сервис, барајќи некои од претставниците на опозицијата и протестите да бидат гости во Дневникот.

Откако не го послушаа барањето на полицијата мирно да ја напуштат зградата, жандармеријата ги исфрли демонстрантите. Според министерот за внатрешни работи, приведено е само едно лице коу со нога удирало полицаец, но не е познато што се случило со демонстрантот со моторната пила.

Треба да знаете
Последни објави