Search

Автопатот Градско-Велес е пуштен за сообраќај

Автопатот Градско – Велес е пуштен за сообраќај, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Автопатот речиси четири часа беше затворен поради сообраќајна незгода во која загина мотоциклист.

Мотоциклистот А.Д. (30) од Скопје загина при директен судир со комбе што се случи попладнево околу 16 часот на автопатот Градско – Велес, после наплатната рампа кај Градско.

Според првичната информација од СВР Велес, мотоциклистот загинал на самото место на несреќата, а екипа на СВР Велес и јавен обвинител е на местото на настанот и ги утрвдуваат причините за тешката сообраќајна несреќа.

Треба да знаете
Последни објави