Search

Консултативна средба на директорот на АМС со претставници на младински организации

 Проектот „Младинска картичка”, Јавниот повик за грантирање невладини орагнаизации, Националната стратегија за млади и извештајот за Акцискиот план 2016/2017 и Информација за состанокот во Брисел за поглавјето 26 кое ги опфаќа и младите, се само некои од активностите што ги најавува Агенцијата за млади и спорт (АМС) за претстојниот период.
Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски, денеска, на консултативна средба, планираните активности им ги соопшти на претставниците на младинските организации и побара од нив активно да се вклучат во реализацијата.
-Целта е да се носат политики во консултација со младите и од интерес на младите, токму затоа е од огромно значење за нас како институција, младинските организации да бидат инволвирани во сите активности кои се преземаат, истакна Каевски.
На консултативната средба присуствуваа претставници од 13 младински организации и организации кои работат на полето млади. Тие ги дадоа своите коментари и забелешки за секоја од точките на средбата и изразија подготвеност да бидат дел од процесот на донесување одлуки и да учествуваат во креирањето
решенија.

Донесени беа и неколку заклучоци со кои се дефинираат идните чекори на делување и конкретни активности во следниот период, а беа договорени и работни средби во април на кои ќе се разговара за националната стратегија за млади, за методолошкиот пристап за ревизија и за креирањето нов акциски план.
Треба да знаете
Последни објави