Search

Силјановска: Се ветуваше посебна грижа за пензионерите, а сега гледаме само негрижа

Кaндидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, оствари средба со приватни здравствени работници и здруженија на пензионери во Велес.

На средбата таа го истакна својот став дека ветувањата кон пензионерите не се исполнети.

„Сумите можеби за нив не се големи, меѓутоа месечните божемно очекувавме покачувања, а сега не е така. Напротив, се снижувања, кога ќе ги соберете кастрењата на крајот на годината останувате збунети. Ветувањето беше дека ќе има посебна грижа за пензионерите меѓутоа ние гледаме дека сега тоа е негрижа бидејќи не само што нема покачување туку има снижување на пензијата и сега ние не знаеме каков ќе биде овој тренд“, рече Силјановска Давкова додавајќи дека ако трендот е континуирано снижување тогаш ветувањето не е исполнето.

Таа во своето обраќање се осврна и на скандалот во фондот за пензиско – инвалидско осигурување.

„Власитите почнаа храбро ама очигледно дека договорот со коалициониот партнер потоа работата ја врати на почеток и сега ние се чудиме што стана со серискиот филм. Гледавме неколку епизоди и кога работата беше дали е во директорот на Фондот, дали е во министерот, дали е во претходната влада, дали е во сегашната власт – епилог не видовме“, кажа Силјановска Давкова на средбата во Велес, додавајќи дека во крајна неизвесност се доведуваат очекувањата на сите корисници – она што го вложувале цел живот, сега да им биде вратено.

Треба да знаете
Последни објави