Search

Намирници кои го забрзуваат или намалуваат метаболизмот

Сигурно знаете некој кој може да јаде што ќе посака и колку ќе сака, а притоа да не се здебели. Без разлика дали станува збор за добра генетика или нешто друго, некои луѓе едноставно имаат побрз метаболизам од останатите.

 

Фитнес инструкторот и нутриционист oткрива кои намирници да ги избегнувате, а кои да ги јадете за да го забрзате метаболизмот.

1. Намирници кои се лоши за метаболизмот

– Шеќер

Според Сем, шеќерот е еден од главните виновници за бавен метаболизам.

„Кога внесуваме шеќер, нивото на шеќер во крвта се зголемува, а со тоа се зголемуваат кортизолот и инсулинот, за да воспостават баланс во организмот. Тоа може да ја попречи нормалната работа на хормоните, што не е добро за метаболизмот“, вели тој.

– Премногу месо

Месото е одличен извор на протеини и помага да останеме подолго време сити. Но, премногу месо не е добро за метаболизмот. Кога внесуваме месо се забавува варењето, затоа препораката е да се внесува црвено месо еднаш до двапати неделно, а пилешко до петпати неделно.

– Преработени производи

Освен што се богати со калории обработените намирници содржат многу малку хранливи состојки, а во себе неретко кријат и шеќер, како и заситени масти.

2. Намирници кои го забрзуваат метаболизмот

– Свежи намирници

Свежите намирници во нивната природна состојба го забрзуваат метаболизмот терајќи го да ги разложува влакната, масните киселини, аминокиселините и другите важни нутриенти.

– Влакна

Хранливите влакна го забрзуваат метаболизмот бидејќи на организмот му е потешко да ги разложи. Тоа е добар процес кој го тера телото побавно да ја вари храната и притоа согорува повеќе калории.

– Здрави масти

Исто како и хранливите влакна и здравите масти побавно се разложуваат, а тоа значи дека подолго ќе бидете сити. Вклучете во исхраната намирници богати со омега-3 масни киселини како маслиново масло, јаткасти плодови, семиња, авокадо, кокосово масло.

Треба да знаете
Последни објави