Search

Филипче: Милош кој со магаре оди на школо или пешачи по три часа е со добро здравје

Филипче: Милош кој со магаре оди на школо или пешачи по три часа е со добро здравје

„Се договоривме за една година повторно да дојде на преглед. Милош ќе расте во здраво дете и ќе биде наш иден спортист“, напиша министерот Филипче.

По сторијата на телевизија 24 за малиот Милош кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема пари ниту да направи контроли по извршената операција во Бугарија, реагираше лично министерот Венко Филипче.

Тој најави дека на Милош ќе му бидат направени прегледи, бидејќи деветгодишното дете е родено со срцева мана. Откако Милош е опериран пред девет години не направил никаков преглед, бидејќи неговите родители немаат пари. Семејството живее во тешка сиромаштија и бара помош од институциите.

Филипче преку неколку фотографии објавени на Фејсбук, докажа дека го исполни даденото ветување.

Треба да знаете
Последни објави