Search

Турската економија во рецесија за првпат по 2009 година

 Турската економија влезе во рецесија за првпат од 2009 година, објавија властите на само три недели пред владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да се соочи со локалните избори, каде што растот и инфлацијата ќе бидат клучни прашања за гласачите.

Економското производство е намалено  за 2,4 проценти во последните три месеци од годината во споредба со третиот квартал, соопшти турскиот Институт за статистика.

Две последователни квартални намалувања  на економските показатели се сметаат за дефиниција за рецесија.

Треба да знаете
Последни објави