Search

Трамп предлага буџет што предвидува намалување на неодбранбените расходи

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе предложи денеска буџет што предвидува намалени расходи за пет отсто и зголемување на расходи за одбрана, здравствена заштита на ветерани и безбедност на границите.

Се очекува републиканскиот претседател да објави нацрт на буџетот во 11.30 часот по локално време и тоа ќе биде сигнал за почеток на борбата за финансирање со Конгресот што ги контролира федералните расходи.

Се очекува нацрт буџетот да биде отфрлен во Конгресот каде Демократската партија има контрола врз Претставничкиот дом. Буџетот треба да добие гласови од 60 конгресмени за да премине кон Сентот каде има 100 членови и каде Републиканската партија контролира 63 места.

Од Демократската партија веќе упатија критики за барањето од 8,6 милијарди долари за изградба на ѕид на јужната граница со Мексико.

Треба да знаете
Последни објави