Search

Том Харди непрепознатлив во улогата на Ал Капоне

Не можам да верувам дека е навистина тој“, еден обожавател ја коментираше фотографијата на британскиот актер Том Харди (41). Тој во моментов снима нов филм „Fonzo”, во кој ќе го отелотвори ликот на еден од најголемите гангстери на сите времиња, легендарниот Ал Капоне, и тој толку се соживеа во својата улога што многу фанови не можеа да го препознаат.

Режисерот на филмот, Џош Транк (35) сподели неколку сцени од снимањето. Фотографијата на „маскираниот“ Харди брзо се ширеше на социјалните мрежи, а повеќето од неговите обожаватели дури не можеа да поверуваат дека е тој.

„Секоја чест на феноменалната трансформација во Капоне, јас лично одвај го препознав“ е само еден од коментарите на обожавателите на Том.

Филмот, наводно, се занимава со подоцнежните години на Капоне, кога по напуштањето на затворот почнува да страда од деменција.

Харди неодамна потврди колку е возбуден во врска со новата улога, а за „Американ дејли бист“ призна дека во филмот нема да изгледа како класичен Ал Капоне, туку ќе има одредена трансформација. Харди и неговата сопруга, Шарлот Рајли (37), минатата година добија уште едно дете, синот Форест, кој името го добил според омилениот лик на Харди од истоимениот филм „Форест Гамп“.

Треба да знаете
Последни објави