Search

Тереза Меј губи доверба од министрите заради Брегзит

Британската премиерка Тереза Меј ја загубила поддршката од речиси сите министри од Кабинетот заради Брегзит, објави Дејли меил.

Според весникот, само двајца министри се уште и даваат поддршка на Меј. Останатите „загубиле доверба во нејзината способност да раководи”, нагласува извор за весникот.

Министрите сакаат Меј да поднесе оставка не подоцна од јули за да може следниот лидер на Конзервативната партија да ја спроведе следна етапа од преговорите за напуштање на Европската унија ако Парламентот одобри брегзит без договор со Брисел.

Треба да знаете
Последни објави