Search

По две години врска: Џенифер Лопез се вери

Латино убавицата Џенифер Лопез се вери со Алекс Родригез по две години врска. Веста ја соопшти Родригез,  покажувајќи дијамантски свршенички прстен.

Пред 2 месеци пејачката ја прослави двегодишнината од врската со пензионираниот рагби играч Алекс Родригез. Веста за свршувачката на парот брзо се рашири на интернет, поради романтичната фотографија со прстен на раката што 43-годишната пејачка ја објави на Instagram.

Парот моментално е на одмор на егзотична дестинација, а веста за свршувачката ја потврди и гласноговорникот на Родригез. Тој зад себе има еден брак и две ќерки со Синтија Скуртис. По разводот беше во врска со Мадона, Мелиса Бритос, Кејт Хадсон, Камерон Диаз, Деми Мур и други славни жени.

Ова ќе биде четврта среќа за Лопез, зад себе има три брака и две деца со Марк Антони, со кој беше во брак 10 години.

Таа не крие дека во последните две години не била никогаш посреќна.

„Сите сакаат да живеат во бајка со среќен крај, па и јас сонувам за тоа. Многу сме среќни, целосно се надополнуваме и добро се разбираме. Мислам дека тој ме разбира како никој друг претходно, исто и јас него. Нашите деца одлично се сложуваат и поради тоа сме најсреќни. Тој е прекрасен татко и уживам да го гледам во таа улога“, изјави во неодамнешно интервју Лопез.

Треба да знаете
Последни објави