Search

Заев се извини за ненамерниот лапсус

Заев се извини за ненамерниот лапсус

Во моето обраќање на денешниот настан по повод одбележувањето на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка и официјалното отворање на музејската поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, направив ненамерна грешка.

Имено, во делот од говорот кој гласи: „Холокаустот не е само еврејска трагедија, ниту само една темна страница од Втората светска војна. Со сиот свој ужас, овој геноцид е предупредување и лекција за сите нас, од сите вери, за сите времиња“, наместо зборот „трагедија“, ненамерно го искажав изразот „традиција“.

Секако се работи за ненамерен лапсус, грешка заради која изразувам извинување.

Уверувам дека моето обраќање во целина и недвосмислено го одразува духот на осуда на геноцидот врз еврејскиот народ и на сочувството со семејствата на жртвите на холокаустот.

Грешката не е објавена на веб страницата на Владата за да не повреди ничии чувства, напиша претседателот на Владата Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Треба да знаете
Последни објави