Search

Мицкоски за Пендаровски: Тој е изгубен во своите изјави, а кампањата ја почна со лага

Консензуалниот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски е изгубен во своите изјави, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска оствари средба со граѓани во Општина Тетово.

Според Мицкоски, Пендаровски бил свесен дека ќе ги изгуби претседателските избори, па затоа измислува алиби дека го следи странска служба блиска до опозициската партија.

„Го прашавме министерот и несуден кандидат за претседател Оливер Спасовски, дали е безбеден господинот Пендаровски, денеска демант стигна од премиерот, и претседател на СДСМ, кој рече дека Стево Пендаровски е апсолутно целосно безбеден“, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Пендаровски не може да биде претседател бидејќи во минатото ги навредувал граѓаните и тие не можат да имаат доверба во него.

„Како можеме ние како луѓе да ја дадеме довербата за човек кој што го навредуваше сопствениот народ и од истиот народ бара поддршка, а целокупната кампања ја почнува со лаги“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи ја денешната изјава на Заев посочи дека има разлика помеѓу заевизам и завидлизам, и дека нема за што да се има завист.

„Го слушам Заев вели денес како ова не било заевизам туку завидлизам. Или го лажат човекот или навистина верува дека ова било од завист“, рече Мицкоски и додаде дека за да има завист, власта треба барем нешто да направи.

Треба да знаете
Последни објави