Search

Меркел го отфрли притисокот од САД за провоцирање на руската морнарица

Германската канцеларка Ангела Меркел, наводно, се спротивставила на притисокот од Вашингтон одбивајќи го предлогот на потпретседателот Мајк Пенс да ги испрати бродовите на германската морнарица кон Крим, пренесува „Старс енд страјпс“, цитирајќи анонимни извори запознаени со ова прашање.

На безбедосната конференција во Минхен на 1 февруари, Пенс, наводно, барал германски бродови да отпловат низ теснецот Керч кој го дели Крим од континентална Русија за да му покажат на Путин дека западните сили нема да се откажат од пристапот во тие води.

Три километри широк иот теснец Керч е критична точка што Путин се обидува да ја консолидира својата контрола врз полуостровот Крим и источна Украина, пркосејќи им на санкциите од Европската Унија и САД.

Меркел посочила дека е подготвена, во координација со Французите, да испрати конвој низ теснецот како еднократен маневар, но украинскиот претседател Петро Порошенко рекол дека тоа не е доволно за да го реши нивниот проблем – тој сака да осигура трасата да биде отворена трајно.

Франција, исто така, одбила да учествува, оценувајќи ја идејата како непотребна провокација.

Треба да знаете
Последни објави