Search

Без струја делови на Центар и Кисела Вода

Од ЕВН Македонија информираат дека поради закажани технички зафати во системот без електрична енергија ќе останат делови на Центар и Кисела Вода.

Од 9 до 13 часот без струја ќе биде дел од булеварот Илинден: бр. 90 и околните објекти (општина Центар ), од 9 – 15 часот дел од село Батинци – улици 1, 2, 3, 4, 5, 6 и 7 (о. Студеничани), од 8:30 – 10:30 часот улицата Геори Димитров (општина Кисела Вода) и во време од 11 до 14:30 часот дел од улицата Партение Зографски (општина Центар).

Треба да знаете
Последни објави