Search

Косовското Собрание ја усвои Платформата за преговори со Србија

 Косовското Собрание  ја усвои Платформата на државниот тим за преговори со Белград, која предвидува постигнување сеопфатна и законски обрврзувачка спогодба за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

„За” Платформата, во 120-члениот Парламент на Косово, гласаа 61 пратеник, еден беше воздржан, додека вонредната седница на самиот почеток ја напуштија претениците на двете најголеми опозициски партии на Албанците, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ). Десетмината пратеници на Српската листа (СЛ) го бојкотираат Собранието уште од минатиот ноември, кога Владата на Рамуш Харадинај ја воведе таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.

Премиерот Харадинај во своето обраќање на почетокот на денешната седница ја отфрли можноста изгласувањето на платформата да резултира со повлекување на одлуката за санкции кон српскиот увоз, останувајќи на ставот дека таксата ќе се укине тогаш кога Белград ќе ја признае независноста на Косово. 

Треба да знаете
Последни објави