Search

Кирацовски: МВР презема иницијатива да ги открие лицата за кои Пендаровски кажа дека го следат

МВР презема активности за откривање на лицата за кои има индиции дека го следат Стево Пендаровски, рече претседателот на Изборниот Штаб на СДСМ, Александар Кирацивски.

„Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции и алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата евидентно е дека истите постојат. МВР веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, рече Кирацовски.

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски во вчерашното интервју за „1ТВ“ кажа дека го следат 24 часа на ден, веројатно и на членовите на неговото семејство. Тој рече дека станува збор за структури врзани со една голема опозициска партија.

Треба да знаете
Последни објави