Search

(Видео) Цело одделение бара работа за да можат да одат на екскурзија

Цело одделение од Десетта гимназија во Беград бара работа за да можат сите ученици да одат на екскурзија. Идејата се родила кога започнале подготовките за матурската екскурзија, а дел од учениците се соочиле со проблем, бидејќи нивните родители немале пари да платат за неа. Затоа целото одделение одлучило да најде работа, а класната наставничка Драгана Можек седнала и напишала оглас.

Учениците од Десеттата гимназија во Белград се подготвени и во тешка работа, само за да успеат да соберат пари и да им помогнат на своите другарчиња. Меѓу 32 ученици има такви кои ќе ви бидат личен потрчко, некои со задоволство ќе ви ги причуваат децата, а тука се и оние кои се подготвени да држат часови по предметите по кои имаат најдобро познавање.

За физичка работа се квалификувани 13 ,,рмбачи”.

Огласот е објавен на Фејсбук профилот на наставничката Драгана Можек, а за кратко време тој се раширил по социјалната мрежа.

Акцијата не само што ја поддржале сите, туку во неа се вклучиле и родителите. Така, на пример, мајките и бабите заедно со нив ќе месат кифлички, ќе прават колачи и крофни.

Побарувањата за нивните услуги се повеќе од очекувани.

,,Кога ќе собереме пари за нашето одделение, доколку ни остане нешто ќе им ги понудиме и на децата од другите одделенија или ќе ги дадеме во хуманитарни цели”, вели класната наставничка.

Таа вели дека донациите не се опција и дека целта е учениците сами да ги заработат парите.

Матурска екскурзија, според нив, е нешто што се памети целиот живот, па не постои причина некое од децата да ја пропушти таа шанса.

Треба да знаете
Последни објави