Search

(видео) Вози 261 км на час низ Србија, а нема ниту возачка дозвола

Муарем Пузовиќ од Нови Пазар со месеци на својот Инстаграм профил објавува снимки од скапите автомобили со кои вози низ Србија со брзина и од 261 километар на час и на тој начин го загрозува сопствениот, но и животите на другите и за тоа ич не му гајле. Овој несовесен возач полицијата не го фатила, а да биде ситуацијата уште пошокантна, не поседува ниту возачка дозвола.

Тој на Инстаграм објавил десетина снимки на кои возачот, на кого не му се гледа лицето, ги снима своите налудничаво возења при кои ссо огромна брзина ги претекнува другите возила, некогаш користејќи ја и лентата за сопирање.

По објавата на текстот на Блиц, Пузовиќ не се достапни профилите на Пузовиќ на оваа социјална мрежа.

Видеото може да го видите на следниов линк: blic

 

Треба да знаете
Последни објави