Орбан го одби ултиматумот

Унгарската владејачка партија Фидес на премиерот Виктор Орбан го одби ултиматумот на водечкиот кандидат за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, кој постави три услови: Фидес да престане со кампања против ЕУ, да им се извини на колегите од ЕПП и да му дозволи на Централноевропскиот инситут на Џорџ Сорос да остане во Будимпешта.

„Од ништо нема да се откажеме. Одбраната на евроспките вредности и христијаните, како и спречување на масовната миграција, за нас се поважни од дисциплината на партијата во рамките на ЕПП“, порача портпаролот на Фидес.

Трите услови се понудени за да се избегне евентуално исклучување на владејачката унгарска партија од членството во Европската народна партија. Досега 13 членки на ЕПП го поддржа ова барање.

Треба да знаете
Последни објави