Search

Реал губи 45 милиони евра по елиминацијата од ЛШ

Реал Мадрид ќе загуби 45 милиони евра, откако загуби во осминафиналето во Лигата на шампионите. Во вторникот вечер „белите” беа поразени од Ајакс со 4:1 дома, и иако ја добија првата средба (2:1), елиминацијата беше факт.

Според новите правила на УЕФА, Реал би освоил 45 милиони евра ако го одбранеше трофејот.

При пласман во четвртфинале тимот заработува 10,5 милиони евра, пласман во полуфинале – 12 милиони евра, финале 15 милиони евра и нови 4 милиони евра при успех во последниот натпревар.

Уште 3,5 милиони евра се додаваат за учество во Супер Купот на Европа, кој е обврска на победникот на турнирот во секој случај.

Ова е профит од 45 милиони евра, што 13-кратниот крал на Европа оваа година нема да може да го види во своја сметка.

Треба да знаете
Последни објави